Сириец со плин сакал да запали ресторан на Мек Доналдс и да изврши масовно убиство
Мажот кој вчера држаше жена во заложништво на главната железничка станица во Kелн бил Сириец , со одобрен азил во Германија .
Сириецот е во кома , откако неколку пати бил застрелан од полициските специјалци, при акцијата за спасување на заложничката во аптека на главната железничка станица во Келн.
Се претпоставува дека 55 годишниот маж сакал со гас да го запали ресторанот на Мек Доналдс , што според полицијата би предизвикало голема експлозија со жртви.
Сириецот, по неуспешниот обид во кој е повредено 14 годишно девојче , се скрил во блиската аптека и таму држел жена во заложништво цели два часа.
Мажот , кој пристигнал во февруари 2015 во Германија бил поврзан со Исламската држава. При претресот во неговиот стан биле најдени дополнителни количества плин и муслимански написи на ѕидовите.
Тој живеел во прифатен центар и не бил вработен зашто бил неспособен за работа поради психички проблеми.За полицијата вчерашниот инцидент во Келн е терористички напад.
