СИНОВИ СО ТЕШКИ ЗАКАНИ КОН СВОИТЕ МАЈКИ, ЧЕТВОРИЦА УПАСЕНИ: изминатото деноноќие пет пријави за семејно насилство
Четири лица завршија зад решетки бидејќи во својот дом нападнале брачна партнерка, мајка или друг член на семејството во изминатото деноноќие, објави Министерството за внатрешни работи.
Според последните податоци на МВР, маж од Тетово на 36 годишна возраст е упасен бидејќи и се заканувал на мајка си со нож.
- На 24.05.2026 во 12:40 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријави дека во нивниот семеен дом, Ш.А. и се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок - се посочува во објавата на МВР.
Воедно исто така посочуваат дека е уапсен жител на Берово кој физички ја нападнал својата сопруга.
- На 24.05.2026 во 02:10 часот во беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода С.С.(42) од беровско, постапувајќи по претходна пријава дека на 23.05.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава - се посочува во објавата на МВР.
Во трет случај во Пробиштип, жена пријавила дека била нападната од поранешниот партнер.
- На 24.05.2026 во 09:45 часот во ОВР Пробиштип, 41-годишна жена од Пробиштип пријави дека истиот ден, во семејниот дом, по претходна расправија била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Т.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се посочува во објавата.
Воедно упасен е и жител на Кавадарци кој ја нападнал невенчаната сопруга.
- На 24.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода О.Ф.(20) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна невенчана сопруга од Штип, дека додека престојувале во објект во близина на плантажи во Кавадарци, физички ја нападнал.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок - нагласуваат од МВР.
Последниот пријавен случај е во главниот град, каде маж на 20 години и се заканувал на сопствената мајка, но и искршил дел од инвентарот.
- На 24.05.2026 во 23:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.Н.(20) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош ѝ упатувал закани на неговата 55-годишна мајка, а притоа оштетил и дел од инвентарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок - укажуваат од МВР.
Слично
