Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНОВАК ВАКЦИНАТА БЕЗБЕДНА И КАЈ БРЕМЕНИ ЖЕНИ - кога придобивките се поголеми од потенцијалните ризици

СИНОВАК ВАКЦИНАТА БЕЗБЕДНА И КАЈ БРЕМЕНИ ЖЕНИ - кога придобивките се поголеми од потенцијалните ризици

Двата авиони ги донесоа 500.000 дози Синовак вакцини во земјава, најголема пратка досега.

Вакцините ќе бидат складирани во поликлиниката Јане Сандански и Институтот за судска медицина од каде ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во државата. 

Министерот Филипче не беше лично на дочекот на вакцините, но таму дојде државната секретарка во Министерството за здравство, Иванка Стојановски. Таа не одговори колку чини набавката, велејќи дека согласно обврските од склучените договори со фирмите, обврзани се да не ги откриваат цените.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо посочи дека вакцината на „Синовак“ е одобрена од СЗО и дека во Кина досега се вакцинирани над 1,1 милијарда луѓе на возраст од 3 до 100 години.

Официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО вчера ги сподели и министерот за здравство Венко Филипче во пресрет на нивнито пристигнување. Потребни се две дози, од кои втората се прима од 14-28 дена по првото вакцинирање. Нејзината употреба се препорачува за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцината се поголеми од потенцијалните реизици, исто како и кај доилки и други возрасни лица.

Еве ги карактеристиките, напиша Филипче. 
„Инактивиран САРС-Ков2 вирус. Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза. Високо ефикасна за превенција на тешка болест. Се дава мускулно во рамо. Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица“, напиша на фејсбук министерот. 

Слично

Поврзани вести