Синот што го избоде таткото до смрт излегол од психијатриската болница „Бардовци“
Синот кој го избоде својот татко до смрт во семејниот дом во скопско Драчево, два пати претходно бил хоспитализиран во психијатриската болница „Бардовци“.
И МВР и Обвинителството потврдија дека во вторникот 28-годишник го убил својот татко, Б.П (75) во својот семеен дом во скопската населба Драчево.
„Скопје1“ дознава дека убиството го извршил по шест дена откако бил пуштен дома. Директорот на болницата Мухсин Арифи за Мета.мк за медиумите изјави дека тој бил доброволно хоспитализиран и дека доброволно ја напуштил болницата.
„Беше пуштен на пробен престој дома и земен од страна на таткото. Тој доброволно влезе и доброволно ја напушти болницата“, рекол Арифи.
28-годишникот е префрлен во притвор на барање на Обвинителството.
