Синот се обидувал да го спаси таткото во пожарот во Тетово: Со изгореници е пренесен во болница
Повреденото лице кое вчера е пронајдено од пожарникарите во Тетово, е син на изгорениот човек кој при тоа безуспешно се обидел да го спаси од пожарот. Синот М.С. (51) со изгореници е пренесен во болница.
- На 13.01.2026 во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт. При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово,кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово, информира МВР.
Починатото лице е Обрад Стојановиќ кој 42 години работел како наставник по практична настава во Средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски-Амбарче“, во Тетово. Еден е од основачите на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово и негов прв претседател.
