Синот на тетовскиот градоначалник Касами ќе игра за Албанија
Актуелниот градоначалник на Тетово и кандидат за нов мандат од коалицијата Вреди, Билал Касами, објави дека неговиот син ќе настапува за јуниорската фудбалска репрезентација на Албанија.
„На врвот од кампањата, најубавата вест што ме инспирираше неизмерно дојде од Тирана. Мојот син, Јавдрим, доби покана од фудбалската репрезентација на Албанија до 19 години за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам!“, напиша Касами.
Со ова, тој изрази гордост за успехот на својот син, кој ја доби шансата да ги носи дресовите на младинската репрезентација на Албанија.
Слично
