Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синот на Солза Грчева стана градски советник на Софија

Синот на Солза Грчева стана градски советник на Софија

По локалните избори во Бугарија, синот на Солза Грчева, Андреј Зографски, е избран за советник во градското собрание на бугарската престолнина Софија.

Зографски се нашол на предлог-листата на „Промените продолжуваат- Демократска Бугарија“ како прв на листата од 23 општински советници на коалицијата.

„Промените продолжуваат- Демократска Бугарија“ во Софија го „збриша“ ГЕРБ по 18 години доминација во главниот град на Бугарија. 

Дури и дел од бугарските политичари се зачудени како син на поранешна пратеничка која ја води македонската партија „Глас за народот“ и има десничарски ставови, успеал да стане Бугарин и политички влијателен.


Слично

Поврзани вести