Синот на скопскиот градоначалник задржан во болница-синоќа ранет со нож
При тепачка меѓу две групи тинејџери вчера околу 19 часот синот на скопски градоначалник бил ранет со нож.
17 годишното момче Ф.Пејковски е задржан на болничко лекување на Клиниката за неврологија.
Околу 19,15 ч. на бул К.Ј.Питу, на автобуската станица пред Народна Банка дошло до нарушување на ЈРМ помеѓу две групи на младинци при што повреден е Ф.П.(2000) од с.Бразда, потврдија синоќа за Фактор извори од МВР.
Во медиумите се појавија информации дека се работи за синот на градоначалникот на Општина Чучер Сандево Јован Пејковски.
Инцидентот се случил на постојката кај Народната банка на Македонија во Скопје.
Слично
