Синот на пратеникот Зекир Рамчиловиќ стана полицаец
Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ вчера објави дека неговиот син е еден од новопримените 590 полициски службеници.
Рамчиловиќ е независен пратеник кој доаѓа од редовите на помалите етнички заедници, а познат е по тоа што беше еден од осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој гласаше за уставни промени.
По гласањето, партијата на вонреден извршен комитет донесе одлука пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени да бидат веднаш исклучени од партијата, а меѓу нив беше и Рамчиловиќ.

Слично
