За Глигоров спорот со името треба да има двајца победници
Синот на поранешниот претседател Киро Глигоров, 73 годишниот Владимир Глигоров, се огласи по бурниот период околу името, велејќи дека спорот за името со Грција треба да има двајца победници.
Според него потребно е достоинствено решение за спорот со името, ревидирање на Уставот, негова промена и усогласеност во рамките на внатрешните состојби на земјата како и тенденција за влегување во ЕУ, како би се надминале прашањата за иредентизмот кои Грција ги поставува.
За грчкиот весник „Прото тема“, тој вели дека е добро тоа што премиерот Зоран Заев ја отфрлил „древномакедонската“ идеологија на Никола Груевски.
Владимир Глигоров е економист по професија, а од 1994 живее и работи во Австрија во Институтот за меѓународни екомонски истражувања.
