СИНОТ НА МИЈАЛКОВ И НЕГОВИОТ БРАТУЧЕД ПРЕТЕПАЛЕ 19-ГОДИШНО МОМЧЕ: Приведени во полициска станица по насилнио инцидент
Помладиот син на поранешниот
дирекор на УБК Сашо Мијалков, како и синот на неговиот брат, Влатко Мијалков, поранешен
прв човек на Царинската управа, биле приведени на распит во полициска станица,
откако било пријавено дека со уште неколкумина врсници синоќа претепале
19-годишно момче во едно скопско кафуле.
Според неофицијални информации, тепачката прво започнала во кафулето, а продолжила надвор на улицата, во скопско Дебар Маало.
Повреденото момче прво било пренесено во болница во старата Градска болница, односно во Клиниката за хируршки болести во центарот на градот, за да му се санираат повредите, а потоа, половина час по полноќ, го пријавило случајот во полициска станица.
За инцидентот информира и билтенот на МВР во кој се наведува:
-На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
