Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синот на газдата на „Пулс“ имал суицидни мисли, адвокатката објасни дека во пожарот ја загубил девојката

Синот на газдата на „Пулс“ имал суицидни мисли, адвокатката објасни дека во пожарот ја загубил девојката

Адвокатка Ивана Коцевска која го брани Михаил Јованов, синот  на Дејан Јованов, газдата на дискотеката „Пулс“, кажа дека тој имал своја фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“ и не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата која ја водела т.н. дискотека. 

Таа тврди и дека имало психолошки нарушувања кај нејзиниот клиент, затоа што во пожарот ја загубил девојката, со која бил 10 години и неговиот најдобар пријател, и дека и самиот се здобил со изгореници од трет степен. Според неа, кај момчето се појавиле суицидни мисли и морал да работи со психолог. Коцевска вели дека за него Основното јавно обвинителство не обезбедило ниту еден доказ и не прецизирало конкретно дејствие што му се става на товар. 

Дејан Јованов изрази сочувство до семејствата на загинатите, но не призна вина. 

Во пожарот на 16 март загинаа 63 луѓе, а околу 200 беа повредени. 

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести