Синот му го нападнале кучиња скитници, а доктор немало на инфективното одделение во Куманово
Кумановската болница е без доктор на работното место на инфективното одделение, реагирал револтиран родител кој го испратил синот на лекување бидејќи бил нападнат од кучиња скитници, објави Клан Македонија.
Телевизијата објави и видео материјал од кумановецот, кој објаснува дека неговиот син вчера околу 16.30 часот бил нападнат од три кучиња скитници, но кога го испратиле момчето во градската болница, на инфективното одделение за лекување, таму немало лекар.
Тој го изразува својот револт за ситуацијата со која се соочил, бидејќи вели дека чекал 30 минути, а потоа медицинската сестра му се јавила на докторот по телефон и му објаснила дека има пациент кој чека лекување.
Слично
