Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ МРАЗ НА ПЛАНИНИТЕ - еве какво ќе биде времето низ земјава викендов

СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ МРАЗ НА ПЛАНИНИТЕ - еве какво ќе биде времето низ земјава викендов

За време на викендов во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, најавуваат синоптичарите. 

Сепак, предупредуваат дека на повисоките, поточно на планинските места температурите може да се спуштат и за некој степен под нулата. 

- Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.

Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

И во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од нашата Република Македонија - објави метеопрогнозерот Слачо Попоски на неговата веб страна „Метеоаларм“.

Слично

Поврзани вести