Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синоличка Трпкова: Како интелектуалците молчеа 11 години?

Синоличка Трпкова: Како интелектуалците молчеа 11 години?

Во период кога новата влада ги прави првите чекори од се повеќе страни стигнуваат пораки за поддршка, но и критики за досегашната политика која ја водеше владата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа актерката Синоличка Трпковска се прашува како е возможно највисоките интелектуални кругови во Македонија 11 години да молчат пред неправдите и злоупотребите, за сега да се „ослободат“.

- Јас не разбирам како на лекари, професори, академици, декани, ректори, др. на науки им било страв да проговорат 11 год?!

Јас не го разбирам тој страв на луѓе полни знаење, искуство и истражувања. Јас не разбирам како тоа ние сме се бореле за сите нив, за да можат слободно да дишат и зборат со нас, денес, во слободна земја, додека си седеа по фотељи во режимот?

Јас не ја разбирам исто ниту мојата лична, пркосна, исконска, воља на жена од 50 со се кревет да се борам за толку јака и тешка фела од знаења, стручност и ум.

Знаете што?

Истите тие ломбаци никогаш нема за ништо да проговорат јавно, дури и во најсовршената слобода, освен на кафе и по кулоари.

Знаете зошто?

Зашто тоа се луѓе без политичка и критичка свест. Родени се така. Генетика е тоа. И кога ќе ми кажат дека времето ќе си покажело се, можам само да ги погледнам онака директно, долго, бесчувствително во очи, да се завртам и да заминам.

А што се однесува до потлачената и уплашена учителка, работничка, административка, тука навистина само и времето ќе покаже, напиша Синоличка Трпкова на нејзиниот Фејсбук профил. 


Слично

Поврзани вести