Синоличка Трпкова: Дај им било каква влада тие ќе опстојат низ институциите како мумии
Професорката Синоличка Трпкова со фејсбук статус за ситуацијата во Република Македонија.
„Македонските (транзициски) “интелектуалци” отсекогаш ги интересирале сплеткарења и уништување на квалитет и талент. Ретко кога дале свој животен и интелектуален влог за општеството. Се што правеле било низ призма на суета, слугување и лични задоволувања. Натоварени со својата немоќ, ограниченост и љубомора ја убија Македонија. Се во име на законот и демократијата. Дај им било каква влада тие ќе опстојат низ институциите како мумии. Балсамирани во формалин чиј мирис не ветува ништо освен смрт.“
Слично
