Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНОЌА ВО ВОЛКОВО НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ КОГО ТЕПАЛ - МВР јави за голем инцидент

СИНОЌА ВО ВОЛКОВО НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ КОГО ТЕПАЛ - МВР јави за голем инцидент

Тепачка меѓу повеќе лица се случила доцна синоќа во скопското село Волково, информираат од МВР.

Според информациите, вчера во 23.45 часот било пријавено дека во селото Волково бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка.

Имено, Т.Ј. (32), Ц.Ј.(66) и С.Б.Ј.(26), сите од Скопје, пријавиле дека околу 23.30 часот, Т.Ј. и Ц.Ј. физички биле нападнати од повеќе лица, по што настанала меѓусебна пресметка во која што биле употребени тврди и стаклени предмети.

Во врска со случајот, С.Д.(31) од Волково, Х.Е.(37), Н.С.(53), С.С.(30) и Ф.Х.(32), сите од Скопје, изјавиле дека физички биле нападнати од страна на Т.Ј. и Ц.Ј..

Слично

Поврзани вести