Синоќа се тресеа Тетово и Гостивар, во март имало 60 земјотреси
Македонија синоќа пак се тресеше.
Земјотрес со јачина од 3.8 степени е регистриран синоќа во 22.38 часот во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар, на 65 километри југозападно од Скопje, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Опсерваторијата информира дека според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид, Кичево и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Повеќе од 60 земјотреси имало во Маврово и околината во март.
Слично
