Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“

Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“

Синоќа, неколку државни институции биле во контрола на забавниот парк Зимзоленд, кој втора година по ред пред новогодишните празници доаѓа во Скопје, објави Телма.

Како што пишува медиумот, институциите не откриле за тоа што е утврдено со контролите и најверојатно повеќе информации ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.

Како што објави Телма, не се знае ниту кој издал дозвола за псотавување на овој забавен парк. Организаторите одговориле дека дозвола добиле од општина Аеродром, а од општината негирале дека дале таква дозвола и надлежноста ја насочиле кон градските власти. Од градот пак, исто така негирале дека одобриле поставување на забавниот парк.



Слично

Поврзани вести