Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синодот на ГПЦ ќе се состанува вонредно за „Македонија“

Синодот на ГПЦ ќе се состанува вонредно за „Македонија“

Спорот со името и протестите во соседна Грција се причината поради која синодот на ГПЦ свикал вонреден состанок и го закажал в петок, пренесуваат дел од медиумите.

Според официјалното соопштение од грчката православна црква, ќе се разгледаат тековни службени прашања, а извори од Архиепископијата за грчкиот информативен портал in.gr, јавува дописникот на МИА од Атина, рекле дека разговорите на состанокот ќе се имаат три дела.

„Одново ќе се потврди позицијата од претходниот архиерејски синод да терминот Македонија да не биде содржан во името на пЈРМ, одредени архиереи ќе го покренат прашањето со демонстрациите и ќе се побара, од сега па натаму, црквата да има заедничка линија за конкретното прашање“,  пишува грчкиот портал, пренесе МИА.

Слично

Поврзани вести