Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатот од Југохром на средба со Емил Димитриев

Синдикатот од Југохром на средба со Емил Димитриев

Синдикалците од Југохром Јегуновце денеска ќе се сретнат со премиерот, Емил Димитриев. 

„Согласно доставените барања за средба од страна на синдикалната организација на Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, до претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, известуваме дека на 16.1.2017 година во 14 часот ќе се оствари работна средба“ - велат оттаму. 

Додаваат дека по средбата ќе ја информираат јавноста од пред Владата за она што е договорено. 

Раководството на Југохром постапи по одлуката на државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение во ноември лани  комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците. Се сметаше дека на тој начин ќе се намали и загадувањето на воздухот во Тетово. 

Слично

Поврзани вести