Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНДИКАТОТ НЕ СЕ ОТКАЖУВА, ЗА УТРЕ ПОДГОТВУВА 14 СТОЛЧИЊА - членовите на Комисијата за буџет што ќе кажат „не“ ќе ги повикаат по име и презиме

СИНДИКАТОТ НЕ СЕ ОТКАЖУВА, ЗА УТРЕ ПОДГОТВУВА 14 СТОЛЧИЊА - членовите на Комисијата за буџет што ќе кажат „не“ ќе ги повикаат по име и презиме

Синдикатот не се откажува од битката за повисоки плати за вработените во јавниот сектор. 

За утре подготвува 14 столчиња за пратениците од Собранииската комисија за финансирање и буџет.

„На 01.07.2022 година пред Собрание на Македонија на Булевар 11 Октомври претставници од органите и телата на синдикатите и на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат на булеварот и на истиот ќе бидат поставени 14 столчиња за пратениците членови во Комисијата за финансирање и буџет во период од 11 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. 

Ќе бидеме на улица за да им дадеме поддршка на пратениците членови на Комисијата за да го изгласаат амандманот на ССМ со кој ќе се предвидат 2.806 денари за секој еден работник во јавен сектор. Доколку не дадат поддршка за амандманот на ССМ ќе ги повикаме сите по име и презиме за секој еден работник да знае кој е пријател, а кој е непријател на работникот и јавно ќе побараме оставки од сите нив зошто не се достојни да го претставуваат работникот и граѓаните во Парламент“, се вели во соопштението од Сојузот на синдикати на Македонија.

Слично

Поврзани вести