Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатот на културата утре ќе носи одлука да почне процедура за штрајк

Синдикатот на културата утре ќе носи одлука да почне процедура за штрајк

Советот на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) утре ќе донесе одлука за започнување на процедурата за штрајк во културата.

Од Синдикатот велат дека насоките што денеска ги добиле директорите во институциите за изготвување на мартовската плата за вработените во културата се спротивни на Колективните договори.

„Направено е квази толкување на одредбите од Општиот колективен договор за јавен сектор. Направени се весели математики, а се со цел да се скрати од тоа што законски им следува на вработените. Во насоките од Министерството за култура, кои се дадени без потпишан изготвувач на истите, директорите се принудени да ги поништат старите решенија за плата и да изготват нови по даден терк“, велат од СКРМ во вечерашната објава на нивната Фејсбук-страница.

Објавата од СКРМ доаѓа откако претходно министерот за култура и туризам, Зоран Љутков рече дека е направена нова пресметка за платите и дека се усогласени Општиот и Посебниот колективен договор. Тој во телевизиско гостување рече дека се надева оти утре околу 3.000 луѓе вработени во културата во 120 институции ќе ја добијат мартовската плата.

Слично

Поврзани вести