Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатот на Југохром бара средба со Димитриев

Синдикатот на Југохром бара средба со Димитриев

Вработените од „Југохром“ бараат средба со премиерот, Емил Димитриев. 

„Со овој допис бараме повторно одобрување на средба лично со вас и одговорните во Владата на Македонија каде би ги искажале нашите барања и размислувања на Синдикалната организација „Југохром", поврзани со статусот на вработените"- стои во соопштението за барање на средба до премиерот.

Од Синдикатот соопштија дека бараат средбата да биде во најкраток можен рок и дека синдикалните претставници од „Југохром“ ќе бидат достапни 24 часа од денот.

Работниците од „Југохром“ вчера повторно протестираа и го блокираа автопатот Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино. Печките за топење на феросилициум се исклучени од 1 ноември лани, каде во металуршкиот комбинат работат околу 800 работници кои по искористувањето на бенефициите од бирото за вработување, може да останат на улица и без никакви примања.

Работниците посочија дека иако фабриката не работи, Тетово и понатаму е загадено. 

Слично

Поврзани вести