Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикатот контра Шекеринска: Тие бараат оставка, таа вели дека армијата има напредок

Синдикатот контра Шекеринска: Тие бараат оставка, таа вели дека армијата има напредок

Синдикатот за одбрана и безбедност бара оставка од министерката Радмила Шекеринска.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска да поднесе неотповиклива оставка, а трудовиот и санитарниот инспекторат да да излезат на терен да извршат увид во објектите на Армијата и Министерството за одбрана.

Ова денеска го побараа од Синдикатот на одбраната и безбедноста на прес-конференција, повикувајќи се на лошите услови во касарните. Велат дека има намерното непочитување на правата на вработените во МО и АРМ.

„Покрај овие катастрофални услови за работа, припадниците на МО и АРМ се доведени на состојба на преживување, најмногу поради ниските плати кои не ни овозможуваат достоинствен живот на нас и нашите фамилии. За ваквата состојба е заслужно самото Министерство за одбрана“, изјави претседателот на Синдикатот, Ристо Ајтов.

Претседателот на Синдикатот побара зголемување на платата во МО и АРМ за 10 проценти и нагласи дека се подготвени на премиерот да му понудат нов минитер, но не го откриваат името.

Вели дека Министерството за одбрана подолг период не исплатило надоместоци на плата за работа на празник, во ден на неделен одмор, работа во смени, за ноќна и прекувремена работа. Ајтов вели дека наместо тоа на припадниците на Армијата им се даваат слободни денови. Синдикалците сметаат дека за сметка на неисплаќањето на надоместоците на вработените на вработените во МО и Армијата, на тимот на министерката редовно им се исплаќаат прекувремени часови како и разни награди. Најдобар показател за состојбата во Армијата, рече тој, е податокот дека од почетокот на 2019 година МО и АРМ ги напуштиле 250 до 300 припадници.

Министерката oдговори дека пред две години Армијата беше маргинализирана, а сега бележи напредок и во однос на буџетот, опремата и условите за работа на повисоко ниво согласно НАТО стандардите.

Го повикуваме Ристо Ајтов да не го меша министерството во препукувањата и неговите нарушен односи со членовите на Синдикатот и другите Синдикати и да не очекува дека министерката Шекеринска ќе ги прекршува законите заради неговите интереси, реагираа од Министерството за одбрана. 
Слично

Поврзани вести