Синдикатот бара побрза акција од Филипче за да не плаќа скап паркинг
Синдикатот на Клинички центар побара од министерот за здравство Венко Филипче побрзо да се изградат катните гаражи во комплексот, бидејќи вработените не сакаат со месеци да плаќаат 800 денари паркинг.
„Во меѓувреме, ниту еден столб не е поставен на просторот предвиден за катни гаражи, а вредноста на картичката за паркинг за вработените во Клинички центар е зголемена за 229% и изнесува 800 денари, што за поедини профили вработени е еднакво на процентот на покачување на јануарската плата“, велат од таму.
Синдикатот тврди дека дека крајниот рок кој го поставил Филипче за катните гаражи истекува за 2 недели.
„Притоа вети и се обврза дека по изградбата на катните гаражи картичката за паркинг за вработените во Клинички центар ќе биде бесплатна или нема да е повеќе од 200 денари месечно“, додаваат од Синдикатот.
