Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикат на затворска полиција: Вработените во затворскиот систем немаат примено плата иако рокот е 15-ти

Синдикат на затворска полиција: Вработените во затворскиот систем немаат примено плата иако рокот е 15-ти

Од Синдикат на Затворска Полиција и Администрација на Македонија велат дека вработените во затворскиот систем не примиле плата, иако рокот за исплата е 15-ти во месецот. 

„Денес, 16 јануари 2026 година, вработените во затворскиот систем сè уште немаат примено плата иако законски рокот е до 15-ти во месецот, и покрај сите уверувања дека исплатата ќе биде навремена. На прва линија пред Министерството за Затворска Полиција (лисици, палици, оружје, пролетно и есенско гаѓање, униформи ...). Денес, на прва линија пред Министерство за финансии е Управа за извршување на санкции, која на 14 јануари ја поделија платата, иако улогата на Управата е од административна природа и е само сервис на затворите – а улогата на затворите претставува „стожер на правдата и безбедноста“ и токму во затворите се врши ресоцијализација на осудени лица и извршување на мерката притвор. Оваа поделба е недозволива и навредлива не смее да има „привилегирани“ и „заборавени“ кога станува збор за основното право на плата. Бараме итна реакција и еднаква одговорност кон сите!“, реагираат од Синдикатот. 


Велат дека работниците во затворите не смеат да бидат оставени без своето заслужено право.

Слично

Поврзани вести