СИНДИКАT НА ПОЛИЦИЈАТА: Полицајката која славеше со торта и „Не може нам нико ништа“ е незаконски унапредена
Полицискиот синдикат има забелешки за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Според синдикатот, полицајката која славеше со торта и „Не може нам нико ништа“ е незаконски унапредена.
Синдикат на македонска полиција го прашува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски зошто се унапредуваат подобни кадри во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата.
Се работи случајот со унапредувањето на внуката на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево во командир на ПО Мирковци која е актуелна со видеото на социјалните мрежи на кои ја пее „Не може нам нико ништа“ пред специјално изработена торта за унапредувањето додека дава пари на музиката.
„Со продолжениот серијал избирање само на подобни кадри од тесно партиска и фамилијарна линија, по унапредувањето на „внуката” на функционерот - градоначалник на Општина Чучер Сандево, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, уште повеќе ги понижи чесните и искусни професионалци во МВР, од тоа што постави со решение на раководна функција „командир на Полициско Одделение Мирковци при Свр Скопје”, кое лице се нема стекнато со факултетска диплома односно без да го има исполнето условот од потребно стручно високо образование и кое има само 5 години кариерно стекнат работен стаж. Го прашуваме Министерот, кој ги менува законските услови во “партиски” особено вака прилагодени за започнатиот серијал унапредувања на блиски соработници и роднини на политички функционери. Дали исто така може да ни објасни министерот Спасовски, кој и ги „среди” на избраната подобна кандидатка, повеќето покренати иницијативи за утврдување на дисциплинска одговорност и покрај тоа што биле архивски заведени од :1.Иницијатива - за потешко кршење на работниот ред и дисциплина 2. Иницијатива- за несоодветен однос од навредување на повисоки раководители, 3. Иницијатива за злоупотреба на службената положба со цел стекнување со корист преку фингирање на прекувремени работни часови, 4.Иницијатива - за постапување спротивно на правилата и прописите итн......и .да не одговара за ниту една сторена повреда односно, кој? ја предложи за награда поради непрофесионалноста и како тоа наместо да биде санкционирана за истата се случи да биде стимулирана со поставување на висока раководна позиција“, реагираат од полицискиот синдикат.
Велат дека со вакви потези има поголемо незадоволство кај полицајците.
