Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНДИКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ ОТИДОА ДА НАПОЛНАТ БАТЕРИИ НА МЕЧКИН КАМЕН - со стиснати тупаници во битката за поголеми работнички плати

СИНДИКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ ОТИДОА ДА НАПОЛНАТ БАТЕРИИ НА МЕЧКИН КАМЕН - со стиснати тупаници во битката за поголеми работнички плати

Откако влегоа во „жестока“ пресметка со власта околу износот на минималната плата, главните синдикалци отидоа да наполнат батерии на Мечкин камен. 

Објавија и заедничка фотографија, која наликува дека немаат намера да се откажат од битката за работничките права, а главна во моментов е онаа за минималната плата. 

„Полниме батерии“, напиша синдикалниот лидер Слободан Трендафилов, објавувајќи фотографија со синдикалниот лидер на УПОЗ, Трпе Деаноски, Игор Герасов, лидер на СИЕР, Иван Пешевски, лидер на СГИП, и Борис Куноски, претседастел на СМИА.


Како што е познато, Трендафилов неодамна изјави дека не се откажуваат од нивното барање за зголемување на минималната плата за 6.000 денари, како и на сите плати, а како што рече, доколку не се исполнат барањата на ССМ, следниот пат на протест ќе ги повикаат и работниците, со повик до Владата да седне на маса и да разговара

За Трендафилов тоа што го предложи ССМ е рака за работодавачите кои сакаат да задржат квалификувани работници во Македонија, но и за Владата.

Според лидерот на ССМ, Владата се ослободува од одговорност иако е најголемиот работодавач, со 128.000 работници. 

Според премиерот Христијан Мицкоски, пак, Владата донела одлука според законот, а теренот за висината на најниската плата е отворен за договор помеѓу работодавачите и работниците. Според него, минималната плата од месецов согласно методологијата  која е донесена во време на СДСМ, е повисока за 1.800 денари.

„Минатата влада вештачки го покачувала минималецот, а не го исплаќала во целиот јавен сектор, и сега дел од министерствата се соочуваат со тужби од вработените“, вели премиерот.

Слично

Поврзани вести