Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикалната кошница јули: На едно семејство му требаат 68.498 денари, со изнајмен стан - 83 илјади

Синдикалната кошница јули: На едно семејство му требаат 68.498 денари, со изнајмен стан - 83 илјади

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68.498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83.873 денари.

Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци,покажува пресметката на ССМ. Имено, само за оваа ставка во јули се потребни 25.012 денари, што претставува 36,5 проценти од вкупната синдикална кошница.

Според денеска објавените податоци, речиси половина од синдикалната кошничка оди за храна и режиски трошоци. Само трошоците за храна се приближно до законски утврдената минимална плата.

Имајќи ги предвид ваквите податоци, ССМ со месеци бара зголемување на минималната плата на 600 евра, како и раст од по 100 евра на сите останати плати.

Слично

Поврзани вести