Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синдикална разрешница: Врховен суд му го даде кормилото на Димовски-на потег Управен

Синдикална разрешница: Врховен суд му го даде кормилото на Димовски-на потег Управен

Ќе добие ли синдикалната битка конечно разрешница? Врховниот суд донесе одлука со која се наложува Дарко Димовски да биде запишан како новиот претседател на ССМ на местото на Живко Митревски.

Со месеци наназад се води битка меѓу синдикалното лидерство а последната одлука на Врховен значи прифаќање на жалбата против одлуката на Управниот суд која ги одби претставници на 6 грански синдикати кои претходно беа исклучени од членството во ССМ.

„Управниот суд не одби, за жал судството е такво не ги применува законите, но Врховниот суд постапи законито ги укина одлуките на управниот суд и му наложи мериторно да реши. Ова за Сондикатите значи дека треба да се спроведе решението на министерот за труд и социјална политика и Дарко Димовски да се впише како претседател на Сојузот на синдикати“, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ.

Сега на потег е Управниот суд кој треба донесе такво решение и Димовски да биде запише како челник на ССМ во Централниот регистар.

За Живко Митревски одлуката на Врховниот суд е нелегитимна, бидејќи како што вели била донесена со фалсификувани печати и документи.

Слично

Поврзани вести