Синдикалец доби една година затвор
Претседателот на АГРО Синдикатот, Живко Доневски, доби една година затвор како првостепена одлука откако неговото неприлагодено возење на автомобил на условите на патот пред помалку од две години доведе до фатална смрт на неговиот колега и совозач Љубомир Митев, објави СДК.
Синдикалецот беше прогласен за виновен во Основен суд Свети Николе за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето“.
Доневски возел со брзина од 107,48 км/ч и зборувал на мобилен телефон, задремува, ја разгледувал околината, палел цигара и бил зафатено со радиото. Немал алкохол во крвта.
По превртувањето на автомобилот марка „Шкода Супер Б“ со тешки телесни повреди на главата се здобил сопатникот Љубомир Митев (63) и го загубил животот на лице место.
