Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Синалко“ ги поврза германскиот претседател Штајнмајер и градоначалникот Митко Јанчев

„Синалко“ ги поврза германскиот претседател Штајнмајер и градоначалникот Митко Јанчев

При посетата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во Кавадарци, кад еработат неколку германски индустриски капацитети, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев го дочека со филигран со брендот „Синалко“.

„При денешната посета на германскиот претседател Штајнмаер на Кавадарци беше остварена средба и со градоначалникот Митко Јанчев. Разговараа на повеќе теми, при што градоначалникот како знак на добредојде му подари филигран со симболот на вечноста, додека од компанијата Кожувчанка доби филигран со логото на Синалко, бидејќи претседателот потекнувал токму од местото каде што се наоѓа и фабриката на Синалко во Германија“, објави Јанчев.

Претходно Кавадарци со дигитална табла му посака топло добредојде на германскиот претседател. Ова е првпат висок државник од Република Германија да го посети Кавадарци. Посетата се должи како резултат на германските инвестиции во овој град.


Слично

Поврзани вести