Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синадиновски сакал да отвори Албанска црква - Го пресретнале ли Ќосињата

Синадиновски сакал да отвори Албанска црква - Го пресретнале ли Ќосињата

Случајот со крвничкото претепување на Бранко Синадиновски, основачот на како што тој ја нарекува верската заедница на православните Албанци, се уште нема официјална разрешница од страна на МВР и се очекува да бидат поднесени соодветни пријави. 

Според Синадиновски главната причина поради која тој смета дека бил претепан е што сакал да изгради Албанска црква и тоа им пречело на многумина.

Интересно е што "Тврдокорните" споделувајќи вест за нападот врз Синадиновски на социјалната мрежа Фејсбук напишаа - Ќосето е виден како оди по улиците на Скопје!

Синадиновски порано беше истакнат и почитуван член на ВМРО-ДПМНЕ за потоа да се прогласи себеси за Албанец тврдејќи дека повеќето жители на Реканскиот крај биле сосила словенизирани и дека се православни Албанци, а не Македонци.

Еден од нив е и Бранко Манојловски, пратеникот на ДУИ.

Слично

Поврзани вести