Економија, финансии, бизнис

Контакт

Син го уби својот татко во Вранешница

Син го уби својот татко во  Вранешница

Семејна расправија заврши со убиство во кичевско. 

Убиството се случило во селото Вранешница. Како што соопшти полицијата, вчера околу 20.30 часот во семејниот дом син му нанел повреди со остар предмет на таткото кој потоа починал, а синот е приведен. 

„За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција. При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.

На случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која четириесет и осумгодишниот татко со ловечка пушка му се заканил на дваесетипетгодишниот син. 

Слично

Поврзани вести