Симпоми на труење се појавиле кај триесетина деца кои ја посетуваат кумановската градинка
Деца од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово имале симптоми на труење. Станува збор за триесетина деца. Поради повраќање, пролив, температура побарале лекарска помош, а три од нив се задржани на лекување.
Директорката Марина Алексовска изјави дека ги чекаат податоците од анализата на надлежните од Државниот санитарен здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и на епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје Куманово кои сè уште се во објектот „Пчелка“ и земаат брисови и потребни материјали за епидемиолошкото истражување. Токму во овој објект се подготвувала храната за потребите на децата од овие три градинки, која од денеска официјално е затворена за работа, објавија денеска надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
foto angelsajce.mk
