Економија, финансии, бизнис

Контакт

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пак пред ДИК да ја „чуваат“ победата

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пак пред  ДИК да ја „чуваат“ победата

Симпатизери на ВМРО ДПМНЕ денеска повторно се собраа пред просториите на Државната изборна комсија(ДИК) која ќе заседава денеска за остатокот од партиските приговори.

Тие велат дека не сакаат  им се украде изборната победа. ДИК на денешната седница, која уште не е започната треба да одлучува по преостанатите приговори од СДСМ и од БЕСА.

Синоќа неколку стотина поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и нејзини функционери останаа до доцна во ноќта пред ДИК. Тие рекоа дека трпението на народот е при крај. 

Тие се собираа и пред неколку денови пред ДИК затоа што се доцнеше со објавување на симулација на мандати. 

По решавање на приговорите ќе се знаат конечните резултати од изборите. 


Слично

Поврзани вести