Економија, финансии, бизнис

Контакт

Симовски: Проблемот се надминува, попишувањето денеска се рестартира

Симовски: Проблемот се надминува, попишувањето денеска се рестартира

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, по вчерашниот прекин на системот, денеска изјави дека претпладнето националниот попис продолжил со попишувањето. 

- Денешното рестартирање на процесот значи дека повеќе ќе нема вакви проблеми. Она што вчера ни се случи, тој технички проблем, наиде на решение и сето е ова за да го нема повеќе истиот. Тие беа предвидени и однапред, има постојана екипа која е подготвена и се оклонуваат работите од провајдерот на апликацијата и од провајдерот на конекцијата, рече Симовски денеска при посетата на Куманово.

Тој додаде дека претпладнето по изминатите два дена попишување, земени се податоци ок околу 150.000 граѓани.

Досега немало казни за такви кои одбиле да се попишат иако имало неколкумина кои тоа го сториле, а Симовски наведе дека теренските попишувачи треба да ги убедат да учествуваат во пописот.

Слично

Поврзани вести