Економија, финансии, бизнис

Контакт

Симовски објасни како ќе приберат податоци за оние кои не се најдени дома

Симовски објасни како ќе приберат податоци за оние кои не се најдени дома

Резултати од спроведениот попис ќе имаме најдоцна до март идната година. 

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) , Апостол Симовски, вели дека нема живеалиште кое не било посетено и тоа бил клучниот елемент по кој се воделе. Додава дека за тие кои не се пронајдени дома ќе се користат базите на податоци од останатите институции каде лицата се заведени.

„Методот што го користиме ни дава можност и овој евентуален неопфат да биде покриен бидејќи ги користиме и базите на податоци каде што ги имаме сите наши граѓани и каде што се наоѓаат, би рекол, две третини од бараните одговори на прашањата кои што ги поставувавме со пописот. Така што, на крајот со обработката на податоците нема да биде изоставено ниту едно лице“, изјави Симовски.

Сите случаи на бојкот се процесирани до надлежните институции. Симовски не знае колкава е таа бројка и вели дека веќе не се заморува со тоа. Македонија по цели 20 години направи попис на населението. Освен попис во земјава, имаше опција македонските државјани во странство електронски да се самопопишат. Податоците покажаа дека македонски државјани има во над 170 земји во светот. 

Слично

Поврзани вести