Економија, финансии, бизнис

Контакт

Симовски кажа што мисли за негирањето на пописот

Симовски кажа што мисли за негирањето на пописот

Директорот на Државниот завод за статисика (ДЗС), Апостол Симовски во интерју за 360 степени вели дека досега не постои попис кој не е негиран од некого.

Тој е задоволен од сработеното. Симовски рече дека пописот е на ист ранг на успешност како и членството во НАТО, затоа што статистиката е една од поглавјата кои што се врзани со процесот на пристапување кон ЕУ. 
„Клучен фактор за напредок на ова поглавје е спроведување на попис. Премиерот не претерува кога ги изедначува овие два процеси“, кажа Симовски.
Тој објасни дека бројката на попишани лица и бројката на лица со македонско државјанство се две различни работи. Кажа дека затоа бројот на попишани и бројот на лица во избирачкиот список не треба да се поистоветуваат.

Но, има и критики за пописот.  Универзитетската професорка Благица Новковска, поранешна директорка на Државниот завод за статистика изрази сомнеж околу успешноста на пописот кој деновиве заврши во земјава. Попишани се над 1.8 милиони луѓе во земјава. Имаше и толкувања дека поради иселувањето и намалениот наталитет, се намали и бројот на населението во Македонија. 

Додека траеше попишувањето, дел од претставници на етничките заедници лицитираа со бројки. 

Слично

Поврзани вести