Економија, финансии, бизнис

Контакт

Симовска на местото на Фетаи и Бубевски против Мијалков

Симовска на местото на Фетаи и Бубевски против Мијалков

Скопската виша јавна обвинителка Соња Симовска ќе го застапува предметот „Титаник 2“ утре во Апелациониот суд против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијаков, и другите првостепено осудени во случајот и номинирана е на местото на Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, поранешните обвинители од СЈО.

Симовска ќе биде во улога на обвинител од втор степен пред второстепениот суд, а ова ќе биде прв предмет пред Апелација во кој наместо обвинителите на СЈО, ќе го застапува обвинител од Вишото јавно Обвинителство. 

Овој „преседан“ значи дека во судската пракса сите предмети за кои ќе се жалат обвинетите или Обвинителството, нема да ги застапуваат поранешните специјални јавни обвинители, туку вишите јавни обвинители, објави А1он.

Судија известител за јавната седница за „Титаник 2“, како што пишува на вебстраницата на судот, е Тања Милева. 

Во овој предмет првостепено на казна затвор, покрај Мијалков,  се уште и Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска добија по 3 години затвор.

Слично

Поврзани вести