Економија, финансии, бизнис

Контакт

Симона Спировска: Не сте само амнестирачи туку и соучесници

Симона Спировска: Не сте само амнестирачи туку и соучесници

„Во ова предновогодишно и амнестирање(пропратено со лоботомија како еден од условите) ми стигна прекршочната за 27.06.2016, кога ме приведоа. Не сум ја однела да ја обжалам и нема“ - вели една од најактивите учесници и гласноговорници на Шарената револуција, актерката Симона Спировска .

Таа на Фејсбук пишува дека ќе продолжи да ги негува идеалите и нема да дели ист печат со амнестираните и амнестирачите.

Статусот на Спировска ви го пренесуваме целосно:

„Во ова предновогодишно и амнестирање(пропратено со лоботомија како еден од условите) ми стигна прекршочната за 27.06.2016, кога ме приведоа. Не сум ја однела да ја обжалам и нема. Решив да си ги плаќам веднаш по примањето. И тие обжалените кога ќе ми стигнат ќе си ги платам. И би одлежала ако не можам да ги доплатам само за да продолжам да си ги негувам идеалите и да не делам ист печат ни со амнестираните, нит пак со амнестирачите.

Грозен ви е злочинот, гадове!!!
Смрдите на шиткачи! Шиткачи на вредности!
Не сте само амнестирачи ами и соучесници.
Јас уште верувам дека еден ден ќе има овде држава, а тогаш ќе одговарате“, стои во објавата на Фејсбук.


Овој статус доаѓа по поднесените амнестии од страна на обвинетите од СЈО за инцидентите од крававиот четврток.

Слично

Поврзани вести