Симболично предадени првите воени возила што Македонија ги купува од САД, ќе набавуваме и софистицирано оружје
Делегација предводена од джавниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, деновиве престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави каде што на симболичен начин се изврши примопредавање на првите возила од програмата JLTV кои ќе претставуваат основна платформа на македонската Армија.
Николиќ и делегацијата имале средби со повеќе американски компании од одбранбената индустрија, вклучувајќи ја и компанијата „Oshkosh“, со која е склучен договор за набавка на лесни оклопни возила. Во компанијата „Oshkosh“ државниот секретар бил брифиран за производите на оваа компанија и процесот на производство, вклучувајќи го и производството на возилата JLTV Oshkosh, кои од годинава ќе бидат дел и од опремата на Армијата на Република Северна Македонија.

Николиќ на бригадниот генерал Гарик Хармон, командант на Командата за безбедносна поддршка на Армијата на САД, која е одговорна за странските програми за поддршка и градење на капацитети, му ги претстави плановите за модернизација и опремување на Армијата, со фокус на набавките на лесни оклопни возила за потребите на Армијата кои се во тек и за кои владите на двете земји веќе потпишаа договор, како и на плановите за набавки на ново и софистицирано оружје во иднина.
На со бригадниот генерал Роберт Бари, главен извршен офицер за програмата авијација на Армијата на САД, па станало збор за плановите на македонската Армија за трансформација на воздухопловната компонента.

„Армијата на Република Северна Македонија забрзано се модернизира, а дел од таа модернизација ја реализираме со сериозна американска поддршка. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како стратешки партнери и сојузници во НАТО изградија исклучително блиски одбранбени односи, кои претставуваат уште еден придонес кон колективната безбедност на Алијансата“, изјавил Николиќ по средбата со Хармон
