Симболичен протест за „Монструм“ во Скопје
Од плоштадот Скендербег до пред канцелариите на Европската унија денеска имаше имаше протест поради случајот „Монструм“, поради што беше променет и сообраќајниот режим на скопските улици што водат по рутата.
Бедри Хајдари од Организациониот совет рече дека протестот е симболичен со мал број демонстранти со цел да се заштитат од Ковид-19, пренесува ТВ21.
Тие бараат повторно судење за случајот „Монструм“ и меѓународна истрага за случајот. Треба да се направи нова експертиза за случајот бидејќи, како што вели претставникот, тие биле фалсификувани од тогашната влада.
Слично
