ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР, БОРБА ЗА СЛОБОДА И ДРЖАВНОСТ“: Муцунски од испраќањето на Илинденската коњаница

„СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР, БОРБА ЗА СЛОБОДА И ДРЖАВНОСТ“: Муцунски од испраќањето на Илинденската коњаница

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски доцна синоќа се огласи со објава посветена на Илинденската коњаница, истакнувајќи дека ова е значајна манифестација која ги обединува луѓето и помага во зачувување на традициите. 

Илинденската коњаница тргна кон славното Крушево!

Попладнево, како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, ми беше чест традиционално да присуствувам на испраќањето на Илинденската коњаница од Горно Лисиче, во пресрет на државниот празник Илинден – симбол на македонскиот непокор, борба за слобода и државност. Настанот се одржа под покровителство на претседателот Христијан Мицковски.

Даваме силна поддршка на ваквите настани кои обединуваат голем број учесници со иста цел – зачувување на традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината. Ги поздравив и им посакав успешно и безбедно патување до Крушево - напиша Муцунски на Фејсбук. 



ad
Слично

Поврзани вести