Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силно невреме во Скопје, поплавени улици

Силно невреме во Скопје, поплавени улици

Интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје, а во периодот од 16:30 до 17:30 на мерното место Зајчев Рид се измерени 32 литри на метар квадратен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во областите каде невремето беше најсилно дојде и до поплавување на улиците.

Сега процесите во Скопската котлина се послаби, но и во наредните часови се очекуваат врнежи и поретка појава на грмежи.

На територијата на Македонија во моментов многу силнаконвективна келија има во подрачјето на Кавадарци и Неготино со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а според радарската слика најверојатно и со појава на град. Нестабилно е и во околината на Штип, западно од Пробиштип и околу Пехчево.

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, кое ќе се задржи и во вечерните часови, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Слично

Поврзани вести