СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Грми и истура дожд
Силен дожд проследен со грмотевици попладнево зафати делови од Скопје.
Од утрово УХМР издадоа и актуелно предупредување во кое најавуваат дека од утре следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Врнежи ќе има во текот на целата недела.
Српскиот метеоролог Марко Чубрило вчера изјави дека во регионот ќе следи период на „Балкански монсун“, кога со умерено топло време се комбинирани чести врнежи.
Доплнување: Обилните врнежи траеја петнаесетина минути
Слично
