(ФОТО) Силниот земјотрес предизвика одрони на патот кај Косоврасти
Силниот земјотрес од 4.9 степени кој денеска ја стресе западна Македонија, предизвика одрони на патот кај Косоврасти.
Поради одрон, патот Маврово – Дебар е во прекин. Екипи на АМСМ работат на расчистување на патот.

Три потреси имаше денеска во овој дел на Македонија.
Утрово од 4.9 степени, по што следуваа две земјотреси близу Гостивар кои беа послаби.Попладнево имаше уште еден земјотрес од 4,9 степени.
По овој имаше уште еден земјотрес од 4 степени близу Гостивар.
Слично
