Иако дуваше силен ветер, надворешната температура беше 12 степени во Охрид.
Силниот ветер не го поколеба, Васко Довлев го фати светиот крст во Охрид
Васко Довлев од Варош го извади светиот крст од водите на Охридското Езеро меѓу многубројните верници на празникот Богојавеление – Водици.
Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки Тимотеј го положи крстот во Охридското Езеро, а потоа го благослови Довлев, кој ќе добие и пригодни подароци.
Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро.
Слично
