СИЛНИОТ ВЕТЕР ГО ОТЕЖНУВА ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ ВО ГАЛИЧНИК: Хеликоптерот на АРМ е приземјен, потврди ЦУК
Центарот за
упрвување со кризи соопшти дека пожарот над Галичник е на непристапен терен и
гори борова шума.
Инаку, информацијата за пожарот над селото Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Испратени се хеликоптер за гаснење пожар, екипи од противпожарната служба, а на терен е екипа на Национален парк.
Од месната заедница Галичник, велат дека екипите се стасани, хеликоптерот е над локацијата, и дека ветрот се смирил.
-Акција за гаснење е во тек. Молиме да не се кочи сообраќајот на патиштата низ Галичник и кон Маврово. Напоменуваме дека во моментов нема никаков ризик по имотот во Галичник, информира МЗ Галичник.
Слично
